Македонија, лидер во регионот по анонимни извори во медиумските објави

Од:

Европската платформа за одговор на руската пропаганда, „ЕУ вс Дисинфо“, денеска ги објави резултатите на истражување на српска невладина организација ЦРТА, за состојбата со медиумите и дезинформациите во регионот.

Според истражувањето, во Македонија најчести се медиумските објави кои се повикуваат на „анонимни извори“, додека Србија води во медиумски објави без никакви наведени извори. Во Македонија неименуваните извори се најчесто неутрални кон ЕУ, по што следат про-ЕУ објавите и анти-САД објавите. ЕУ неутралните и про-ЕУ објавите доминираат во Македонија генерално.

Во македонските медиуми преовладува политиката како тема, со водство на про-ЕУ, про-САД и про-НАТО коментарите со 39% наспроти 20% за анти-САД и анти-НАТО објавите. По политиката, македонските медиуми најмногу ја покриваат војската, а на трето место економијата, отркива истражувањето.

Најцитиран политичар во регионот е Зоран Заев, најчесто во ЕУ неутрален контекст, следува српскиот претседател Александар Вучиќ, исто најчесто во ЕУ неутрален контекст највеќе.

Во соседна Србија, пак, преовладуваат про-руските и анти-САД медиумски објави, пренесува ЕУ вс Дисинфо.

ЕУ вс Дисинфо е веб платформа на кампањата на ЕУ против руската дезинформација која поседува јавно достапна, меѓународна база на податоци на случаи на дезинформација.

Истражувањето на ЦРТА е правено меѓу 14 мај и 10 јуни во Црна Гора, Македонија, Босна, и Србија. Анализирани се 5553 медиски објави, наведува организацијата.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ