Македонија ја продава поранешната амбасада на СФРЈ во Канбера

Од:

Македонското МНР ја започнало процедурата за продажба на амбасадата на поранешна Југославија во Канбера, имот кој и бил доделен на Македонија во процесот на сукцесијата.

Продажбата на амбасадата се наоѓа во почетна административна фаза, а според МНР средствата од продажбата на овој објект ќе се искористат за купување на нов објект на адекватно место. Македонија се надева дека ќе го продаде објектот за повеќе од еден милион долари.

Македонскиот амбасадор во Австралија, Веле Трпевски за локалните весници изјавил дека објектот на амбасадата бил многу голем, зградата не била реновирана и голем дел од покривот бил оштетен, така што нејзиното користење не било возможно. Зградата исто така не се наоѓала во некое од пропишаните места во Канбера за дипломатски мисии, но била функционална.

Македонските власти во моментов за сопствените потреби изнајмуваат зграда која што ја плаќаат 5.700 долари месечно. Амбасадорот Трпевски исто така додал дека бил во преговори со позната агенција за недвижности, а конечната одлука за продажбата на објектот на поранешната амбасада на СФРЈ во Канбера ќе биде донесен од страна на владата.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија