Македонија и Турција ја зголемуваат соработката во цивилното воздухопловство

Од:

Македонија и Турција ќе ја зајакнуваат регионалната соработка во областа на цивилното воздухопловство и ефикасноста при примената на барањата од областа на безбедноста.

Со Меморандумот за разбирање, што го потпишаа денеска директорите на македонската и на турската агенција за воздухопловство Дејан Мојсоски и Билал Екси, двете воздухопловни власти ја продлабочуваат соработката при користењето на ресурсите во однос на стручен персонал, експертиза во одредени аспекти на цивилното воздухопловство и документацијата.

Меморандумот ги покрива и областите во делот на безбедноста и сигурноста на воздушниот сообраќај, програмите за обука, испити и лиценцирање, операции поврзани со летање и аеродроми, пловидбеност и регистар, потрага и спасување, како и сегментите поврзани со националните надзорни власти и службите за воздушна навигација.

– Потпишувањето на Меморандумот за разбирање со турските воздухополовни власти е резултат и на зголемениот обем на сообраќај кој го реализираат редовните и чартер авиопревозници кон Република Македонија, како и на остварените инвестиции  во комплексот на цивилниот воздушен сообраќај, соопшти Агенцијата за воздухопловство на РМ.

Би можело да ве интересира

Лидерот на „Ватан“ објави платформа за излегување на Турција од НАТО

(ВИДЕО) Драма во Анталија: Пукање во владина зграда, напаѓачот се заклучи внатре, специјалните сили ја опколија зградата

ВИДЕО: Узбуна во НАТО базата Инџирлик во Турција

Иранска балиситичка ракета соборена во воздушниот простор на Турција

Фидан: Израел провоцира конфликти, спроведувајќи експанзионистичка агенда

Турција се плаши од хаос и бран бегалци од Иран

Горан Наумовски