Македонија и Србија со взаемно признавање на возачките дозволи

Од:

Министрите за внатрешни работи на Србија и на Македонија, Небојша Стефановиќ и Гордана Јанкулоска денеска во Белград потпишаа Спогодба за взаемно признавање на возачките дозволи на граѓаните од двете земји.

– Оваа спогодба ќе им овозможи на граѓаните да преминуваат од една во друга земја без посебни процедури, изјавил министерот Стефановиќ на прес-конференцијата по средбата со македонската министерка Јанкулоска во палатата „Србија“, објави агенцијата Танјуг.

Тој прецизирал дека спогодбата треба да биде ратификувана во српскиот Парламент за да може да стапи во сила и изразил очекување дека тоа ќе се случи многу бргу.

Стефановиќ оценил дека полициите на Србија и на Македонија имаат многу добра соработка и оти постои интензивна контрола за сузбивање на илегалната миграција и трговија со наркотици.

Според министерката Јанкулоска денеска потпишаната спогодба има конкретно значење за граѓание на двете земји, осоебно затоа што многу српски државјани транзитираат низ Македонија на пат кон туристичките дестинации.

Јанкулоска нагласила дека соработката меѓу двете полиции претставува пример за одлична регионална соработка и посочила дека има многу полиња за кои е неопходна таквата соработка имајќи ги предвид предизвиците поврзани со различните видови криминалитет во регионот.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи