Македонија и Сомалија единствени во светот без попис на население

Од:

Македонија и Сомалија по завршувањето на пописот во БиХ, остануваат единствени без попис на населението, а во македонскиот буџет нема таква ставка ни за следната година, известува босанската федерална телевизија.

Ова е интегралниот текст кој се појави и на  порталот Federalna.ba

-Пописот на населението за следната година не е предвиден поради тоа што нема пари во буџетот за 2014 година, изјави македонскиот министер за финансии Зоран Ставревски.

Опозиционите партии критикуваат зашто не се прганизира попис, бидејќи сметаат дека власта со тоа сака да ја прикрие реалноста дека голем број од населението, претежно млади луѓе ја напуштија земјата, како и тоа дека изборачкиот список со 1,8 милиони зашишани гласачи е фиктивен.

Во Македонија редовниот попис требаше да биде одржан во април 2011. година, но поради парлементарните избори и поделбата во Државната изборна комисија за бројот на попишувачи по етничка основа, беше одложен за октомври истата година.

Пописот на населението во октомври доживеа целосно фијаско неколку дена пред завршувањето, а поради како што беше речено, неpремостливите разлики во толкувањето на методологијата на попишување. Во јавноста се појави податок дека организацијата на пописот чинела 14 милиони евра.

Последниот попис на населението во Македонија е одржан во 2002. година. Според тој попис во земјата се регистрирани 2.022.547 жители.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Претходната влада донесе одлука да ја избрише методологијата на пописот

ВЛЕН: Ќе ги тужиме Државниот завод за статистика и раководни лица во врвот на поранешната Влада за пописот

Пописот не смее да биде политичка тема, потребна ни е вистинска бројка, вели премиерот Мицкоски

ВРЕДИ: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија го поддржува предлогот на премиерот Мицкоски за електронски попис на населението

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски