Македонија и Романија ќе потпишат меморандум за соработка во областа на дијаспората

Од:

Министерот задолжен за дијаспора на Македонија Едмонд Адеми, кој престојува во тридневна официјална посета на Романија, денеска се сретна со министерката за Романците во странство Наталиа Елена Интотеро со која разговарале за воспоставување соработка меѓу двете држави во областа на дијаспората и размена на искуства меѓу експертски групи со добри практики во оваа област во земјите од регионот и Европската унија.

Министерката Интотеро информирала дека на 18 март годинава, за време на претседавањето на Романија со Советот на ЕУ, како дел од нејзините приоритетни активности ќе се организира состанок на министрите за дијаспора од земјите на ЕУ и од Западен Балкан, со цел севкупна анализа и размена на искуства поединечно од секоја земја. Предложена е и иницијатива за потпишување меморандум за соработка меѓу владите на Република Македонија и Романија во областа на дијаспората, соопшти Кабинетот на министерот Адеми.

Адеми ги претставил преземените активностите на Владата на РМ околу дијаспората на нашата земја во светот, пред се, во зачувувањето на идентитетот, јазикот, културата, традицијата и нивните можности за инвестирање во Македонија. Во рамки на соработката меѓу двете земји во областа на дијаспората било договорено во наредниот период да се одржат средби на експертско ниво меѓу двете земји.

При престојот во Букурешт, министерот Адеми остварил средби и со други асоцијации на Македонци и Албанци по потекло од Македонија, како и со Здружението на студенти од Република Македонија, кои студираат во Рoманија.

Би можело да ве интересира

Романскиот претседател ја отфрли идејата за референдум за обединување на Романија со Молдавија

А1он

Го убија другарот (15) со нож и секира, па го запалија телото – причина за злосторството е љубомора

А1он

Романка сама си праќаше заканувачки пораки за да го обвини екс сопругот

А1он

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Земјотрес во Романија

(ВИДЕО) Несреќа во Романија: Се урна таван од затворен базен, се трага по деца кои се под урнатините