Македонија и натаму тоне по слободата на медиумите

Од:

Mакедонија од 115. паднала на 120.место во однос на слобода на медиумите.

Според меѓународната организација Фридом Хаус ние сме на дното на Балканот, а во друштво со Турција, Конго, Фиџи, Либерија и со Сејшели.

Далеку подобра оценка од нас добиле Словенија, Србија, Унгарија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Грција, Романија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово.

Според состојбата со слободата на медиумите, Македонија, оцени Фридом Хаус е на 120. место, значи за 5 места подолу од минатата година.

Ова е една од главните причини, Македонија да е оценета како делумно слободни земји.

Директорката на проекти за слободата на медиумите при Фридом Хаус, Карин Карликер, во разговор за Гласот на Америка, оценува дека на Македонија ѝ треба саморегулирачка средина во новинарството, а не закон со кој политичарите ќе ги санкционираат новинарите.

Би можело да ве интересира

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество