Македонија и Иразел со културна програма ќе одбележат 20 години дипломатски односи

Од:

Дваесет години од дипломатските односи меѓу Македонија и Израел оваа година ќе бидат одбележани со повеќе содржини. За планираните настани со кои ќе се претстават двете култури денеска разговараа министерката за култура Елизабета Канческа–Милевска и израелскиот амбасадор Дан Ориан на средба во Министерството за култура.

Битолскиот театар со претставата „Среќен крај“ ќе гостува во повеќе градови во Израел, а во Тел Авив е предвиден концерт на Скопскиот дувачки квинтет. На крајот на март во Македонскиот народен театар ќе се претстави танцувачката театарска група „Инбал пинто“ и „Авсхалом полак“ од Тел Авив со претставата „Ојстер“ која ќе биде најава за второто издание на Меѓународниот театарски фестивал „МНТ-фест“.

– Двајцата соговорници на средбата ги истакнаа добрите културни врски што ги негуваат Израел и Република Македонија и големиот број проекти од сите дејности на културата. Министерката нагласи дека во капиталните проекти „Ѕвезди на светската книжевност“ и „Превод на дела на добитници на Нобелова награда за литература“, застапени се автори од Израел или дела на хебрејски јазик, а и во проектот „Антологија на светската поезија“ ќе бидат презентирани и преводи на познати поетски дела на хебрејски јазик, соопшти Министерството за култура.

Минатата година Министерството за култура го поддржа издавањето на книгата за деца „Кога тато ќе порасне“, чиј автор е токму амбасадорот Ориан. Се работи за македонско и албанско издание кое ќе биде промовирано в четврток во Друштвото на писателите на Македонија, а профитот ќе биде наменет за болни деца.

Во 2005 година беше потпишана Програма за соработка во областа на културата, образованието и науката меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Израел. Министерството информира дека е иницирано нејзино обновување за уште повеќе да се продлабочат културните врски меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Владата на САД е блокирана за прв пат по речиси седум години

Горан Наумовски

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски

Владата одлучи: Се забранува за движење на територија на депонијата „Вардариште”

Горан Наумовски

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски