Амбасадите на Македонија и на Бугарија во Белград, Прага, Варшава и во Киев заеднички го одбележуваат и чествуваат празникот 24 Мај-Денот на Светите браќа Кирил и Методиј.
Од македонското Министерството за надворешни работи соопштија дека ова заедничко одбележување на амбасадите е договорено со Министерството за надворешни работи на Бугарија, во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.