Македонија и Бугарија потпишаа Програма за соработка во областа на културата

Од:

Министерот за култура на Република Македонија, Асаф Адеми и неговиот бугарски колега, Боил Банов во Софија потпишаа Програма за соработка.

Овој билатерален документ, како што соопшти Министерството за култура, се надоврзува на потпишаниот Договор за добрососедство, пријателство и соработка, а ќе ги интензивира културните врски меѓу двете држави во кои низ годините наназад се реализираа бројни иницијативи и проекти од сите дејности од областа на културата.

Во Македонија и Бугарија од 2005 година егзистираат и културно-информативни центри во кои континуирано се претставуваат уметници и институции од двете држави.

Министерот Адеми беше дел од македонската владина делегација што денеска, предводена од премиерот Зоран Заев, престојуваше во еднодневна работна посета на Република Бугарија.

Адеми и Банов положија и венец на споменикот на Гоце Делчев во Софија, со што се одбележа 147-годишнината од раѓањето на великанот, а воедно присуствуваа и на културно-уметничката програма, која по овој повод се реализираше во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија. На настанот партиципираа уметници од повеќе држави кои интерпретираа извадоци од творештвото на Петре М. Андреевски, Пејо Јаворов, како и од музичките великани Жорж Бизе, Џузепе Верди, Јохан Штраус.

Би можело да ве интересира

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Ана Ололовска

(ВИДЕО) „300.000 Македонци не се во вашиот Устав, во 21 век не признавате народ“: Лекција од историчарот Светозаревиќ за бугарски новинари во Пустец

Орце Костов

Жељазков: За Бугарија е важен условот „поставен од Европската комисија“ за уставни измени

Ана Ололовска

Милков: Софија и Скопје нема заеднички да го одбележат 4 мај

Ана Ололовска

Ковачев контра Османи во европарламентот: Во Македонија има 120.000, а не 3.500 Бугари

Орце Костов

Османи: Какви ќе бидат уставните измени е точно наведено во билатералниот Протокол потпишан со Бугарија

Ана Ололовска