Македонија и Австрија ќе ја зајакнуваат соработката во делот на трудот и социјалната политика

Од:

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска престојува во работна посета на Виена, каде ќе оствари средби со министерот на Сојузното министерство за труд, социјални прашања и заштита на потрошувачи на Република Австрија Рудолф Џундсторфер.

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, за време на средбата ќе се потпише меморандум за соработка, со цел продолжување и натамошно унапредување на соработката помеѓу двете земји во областа на трудот и социјалната политика.

– Со потпишувањето и реализацијата на овој меморандум за соработка во областа на трудот и социјалната политика ќе се овозможи размена на искуства и експертиза за поголем број прашања од областа на политиките на вработување и пазарот на труд, безбедност и здравје на работа и трудовата инспекција, системот за социјално осигурување (пензиско осигурување), социјалната нега и заштита, размена на искуства од областа на интеграција на лица со посебни потреби во образованието и вработување на лица со посебни потреби и професионална рехабилитација, стои во соопштението.

Соработката ќе се одвива преку размена на искуства и вештини за тековните состојби во наведените области, но и за стратешките планови во иднина, со цел, се наведува, долгорочно решавање на проблемите и подигнување на квалитетот на животот на граѓаните на Република Австрија и Република Македонија.

Според Министерството, потпишувањето и успешната примена на овој меморандум за соработка ќе придонесе и кон продлабочување и унапредување на односите помеѓу двете држави воопшто.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски