Македонија дел од маршот за жртвите во „Шарли Ебдо“

Од:

Марш во чест на убиените новинари и на другите жртви во масакрот во просториите на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ во Париз организира денеска Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

Собирот е инициран по повикот на Меѓународната федерација на новинари, Европската федерација на новинари, на француските новинарски синдикати, како и на бројни синдикати на новинари од Европа, кои ги повикаа сите колеги масовно денеска во исто време, во 15 часот, да учествуваат на маршот во чест на убиените новинари и на другите жртви во масакрот во „Шарли Ебдо“.

Маршот ќе започне од Паркот на новинарите (спроти зградата на некогашната НИП Нова Македонија) во 15 часот, а ќе заврши пред Француската амбасада во Скопје. ССНМ ја повикува новинарската фела и граѓаните да дојдат во Паркот на новинарите каде ќе можат да остават пораки со поддршка до колегите од Франција, а потоа да маршираат до Француската амбасада. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Состојбата со медиумите покажа зошто никој од Владата не беше „Шарли ебдо“

Ана Ололовска

Земјите од регинот иницираат „Ден на тишината“ по повод маскарот во францускиот магазин

Ана Ололовска

Марш на солидарност на ССНМ со француските колеги

Ана Ололовска

Сочувство од Жерновски до француската амбасадорка, Оер

Ана Ололовска

ПЕН центарот го осуди нападот на новинарската екипа на весникот Шарли Ебдо

Емир Латифовиќ

Селмани: Нападот врз „Шарли Хебдо“ кукавички злочин против слободата и мирот

Емир Латифовиќ