Македонија дел од глобалната кампања „Една милијарда се крева против насилство“

Од:

ВиДеј Македонија во соработка со Националната мрежа против семејно насилство и насилство врз жените се приклучува кон глобалната кампања ONE BILLION RISING за да се запре насилството врз жени и девојки.

Активностите ќе започнат во 14 часот на плоштадот Македонија, со што активистите и поддржувачи од Македонија ќе се приклучат на активистите насекаде низ светот за да го одбележат најголемиот ден на акција на глобалното движење за запирање на насилството врз жени и девојки – V-Day, наречен „Една милијарда се крева против насилство“.

bilion

Кампањата „Една милијарда се крева против насилство“ започна како повик за акција базиран на статистиката дека секоја трета жена на планетава ќе биде тепана или силувана во текот на нејзиниот живот.

Тоа значи дека од седум милијарди жители на планетава, една милијарда жени и девојки ќе бидат жртви на вакво насилство.

На 14.02.2013, ден кој е воедно и 15-ти роденден на глобалната организација V-Day, ВиДеј Македонија ќе им се приклучи на активисти, писатели, познати личности, мажи и жени насекаде низ светот за да го изрази своето незадоволство, со барање промена, штрајк, танцување и со кревање против сите неправди кои ги трпат жените, барајќи еднаш засекогаш да запре насилството врз жената.

Би можело да ве интересира

Славонец пред истражителите призна дека силувал овца, кобила и мртва кокошка

Уапсен е 17 годишник во Ниш под сомнение дека силувал 14 годишно девојче

А1он

Уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово, осомничени се за силување на две малолетнички

Кевин Костнер e обвинет за силување

34-годишен маж силувал 14-годишно девојче

Македонски државјанин е осомничен дека се обидел да силува девојка во Белград