Македонија да демонстрира внатрешно единство, порачуваат европратениците

Од:

Македонија е на добар пат во процесот на евроинтеграциите и за тоа има целосна поддршка од Европскиот парламент. По одлуката на Европскиот совет од декември земјата има можност оваа година да ги почне преговорите за пристапување во Унијата, а за таа цел мора да демонстрира внатрешно единство. Со постојната криза во Парламентот се праќаат погрешни сигнали.

Ова го порачаа европратениците од групата на Европската народна партија Јержи Бузек (Полска), Туне Келам (Естонија), Мирослав Миколашик (Словачка) и Ласло Токеш (Романија) на денешната прес-конференција со министерoт за надворешни работи Никола Попоски.

– Еден од најважните критериуми за пристапување во ЕУ е и висок стандард на демократијата. Демократијата подразбира и постојан дијалог меѓу опозицијата и власта. Таков дијалог треба да има и во Парламентот и тој треба да продолжи. Отсуството на опозицијата од Парламентот е секако неприфатливо. Затоа и владејачките партии и опозицијата ја споделуваат одговорноста за одржувањето на високото ниво на демократијата што е еден од најважните Копенхашки критериуми. Затоа ја поттикнувам опозицијата да се врати во Парламентот и да започне дијалогот. Тоа е неопходно за земјата, за граѓаните и за вашиот пат кон ЕУ, изјави Јиржи Бузек.

Според естонскиот европратеник Келам, Македонија е добро подготвена и направи одлични работи во процесот за пристапување кон ЕУ. Посочувајќи на естонското искуство на патот кон ЕУ, рече дека она што и помогнало на земјата да ја оствари својата национална цел е силно изграденото национално чувство за единство.

– Мора да испратите една убедлива порака дека постои такво национално единство за да ја постигнете целта за интегрирање во ЕУ. Внатрешно-политичките проблеми не смеат да претставуваат пречка напатот на вашата земја кон ЕУ. Јас сметам дека Македонија е подготвена да почне преговори. Одлагањата што се случуваат неколкупати не секогаш се поради ваши активности. Тука сме за да го забрзаме тој процес на почеток на преговори. Како што веќе истакна Европскиот парламент прашањето за името не смее да биде пречка за да се започнат преговорите за членство. Она што е битно да го демонстрирате сега е внатрешно единство. Парламентот е местото каде што треба да се дебатира, каде што треба да се разговара. Кога некој одбива да учествува во таква дебата тоа не е убава слика. Треба да застанете сите единствени зад националните цели. Со своите резултати што ги постигнавме ја заслуживте поччита и почетокот на преговорите. Членството во ЕУ на Македонија е наша заедничка цел, рече Келам.

Евроратеникот Токеш, пак, покажа и писмо од Жозеп Дол, лидерот на групата на ЕПП во Европарламентот со порака до опозицијата да се врати во Парламентот и да се вклучи во политичата дебата.

Групата европратеници доаѓаат од поранешните социјалистички земји од Централна и Источна Европа и се во посета на Македоинија на покана од шефот на дипломатијата Попоски. За десетина дена Европарламентот треба да расправа за новата Предлог резолуција за Македонија поднесена од известувачот Ричард Ховит, кој неделава доаѓа во посета на Скопје.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он