Македонците во Израел се оставени сами на себе обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Македонците во Израел оставени сами на себе, Владата полесно договара коцкарски бизниси, отколки авион за нашите сограѓани. Додека останатите земји од Европа и светот веќе ги извлекоа своите државјани од Израел, македонските граѓани молат за спас, а власта не реагира. Црна Гора, Србија, Албанија веќе пратија чартер летови велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Наместо конкретна акција, власта излегува со штури соопштенија нашите граѓани во Израел да ги следат насоките на тамошните власти, како некој да би постапил спротивно? Ја повикуваме владата со брзината и посветеноста со која распишува огласи за коцкарски бизниси и оговара тендери во 4 очи да организира авионски превоз на нашите сограѓани кои војната ги затекна во Израел. Наместо нашите сограѓани да се снаоѓаат сами и да се превезуваат со транспорт на други држави власта да овозможи организиран и безбеден транспорт, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Началник на израелската армија: Ни се заканува колапс на армијата

Медиуми: Венс му се развика на Нетанјаху.. „Му ја продаде приказната на Трамп…“

Мерц за САД и Израел: Некои работи ни се нејасни

Израелската армија е пред колапс: „Немаме доволно војници“

Израел: Целта ни беше срцето на Техеран

Израел се откажa од елиминирање на иранските функционери: „Нема да остане никој за да се разговара“