Македонците со чартер летови на гласање во Струга

Од:

За Македонците од Струга и струшкиот регион, на 7. април 2013 година, за вториот круг на гласање на локалните избори, Македонската заедница во Швајцарија организира бесплатен превоз од Швајцарија до Македонија.

Дополнителни информации кај Дејан Аџиоски, Мартин Јанев и Игорчо Смилков. Ова стои на Фејсбук профилот на претседателот на СМК, Тодор Петров.

Исто така низ Струга се погласни се информациите дека Македонци кои живеат во Швајцарија преку организирани чартер летови доаѓаат во земјава за во недела на 7 април да гласаат на локалните избори во вториот круг во Струга.

Според некои од локалните медиуми во Струга, Македонската заедница во Швајцарија организира бесплатен превоз за сите кои се заинтересирани да го поддржат Владо Кочовски во вториот изборен круг, во битката за градоначалничката позиција со Зијадин Села.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември