А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Македонците ќе исчезнат во 2466 година

by А1он05/08/2013 - 15:12203
Share0

На територијата на сегашна Република Македонија во 2466 година или после 453 години ќе „умре“ и последниот етнички Македонец пишува „Дневник“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Секоја година бројот на Македонците да се намалува и по овој тренд на намалување нашион народ за пет века ќе го „снема“.

Пресметката е направена врз процентуалните соодноси на населението во земјава забележени на пописот во 2002 година.

Бројот на етничките Македонци во земјава минатата година секојдневно се намалувал за по осум Македонци. Односно, само минатата година имало 2.838 Македонци помалку, што е резултат на разликата помеѓу 11.985 родени бебиња и 14.823 умрени лица.

Следете a1on на Youtube YouTube

Државниот завод за статистика на крајот од минатата година објави дека во земјава имало 2.062.294 жители, излегува дека од нив 1.323.580 се Македонци, врз основа на застапеноста од 64,18 проценти од пописот пред 11 години.

Второ по бројност е албанското население, кое врз основа на процентот од 25,17 треба да ги има 519.079. Пресметката е правена под условот тогашните проценти да се задржани и сега, што е тешко за верување.

Во земјава 50 отсто, односно 42 општини имаат негативен природен прираст во 2012 година – Kарпош, Kисела Вода, Берово, Битола, Гевгелија, Делчево, Демир Kапија, Демир Хисар, Kавадарци, Kочани, Kратово, Kрива Паланка, Kрушево, Охрид, Пехчево, Прилеп, Пробиштип, Ресен, Свети Николе итн.

Според статистичките податоци бројот на етничките Албанци секојдневно се зголемува за 13 дневно. Но, според статистичарите, и овој тренд во иднина ќе запре.

skopje

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он31/07/2026 - 16:55

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 21:38

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 19:15

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 15:55

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 14:13

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство

Катерина Ѓуровски22/07/2026 - 07:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео