Македонци повредени во сообраќајка во близина на Банско

Од:

Четворица Македонци се повредени и сместени во болница во Разлог по сообраќајна несреќа што се случи ноќеска на патот Добриниште-Банско, јави бугарската новинска агенција БГНЕС.

Се работи за тројца 48 годишни мажи и еден на возраст од 41-на година, кои во моментов се наоѓаат надвор од животна опасност.

Извештајот за сообраќајната несреќа беше доставен во 23.50 часот минатата ноќ. Автомобилот со македонски регистерски таблички излетал од патот во областа на храмот „Св. Георги Победоносец “ и се превртел неколку пати. Две амбулантни возила од Банско и Разлог пристигнале на местото на настанот, каде дошла и екипа на противпожарната бригада.

Според информации од истрагата, постои сомневање за употребата на алкохол од страна на возачот, кому му бил земен примерок од крвта.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он