Мајките обвинителки, ќерките вработени во Обвинителството

Од:

Непотизмот во извршната власт е тема што се провлекува со децении, а особено е актуелна изминативе недели. Но, за непотизмот во Јавното обвинителство многу малку јавно се говори. Соговорници за „А1он“ тврдат дека непотизмот во оваа институција, кој со години го има, сериозно влијае врз имиџот и довербата во јавноста на оваа институција, а трендот и натаму не запира.

Ќерката на вишата јавна обвинителка, Елизабета Ристевска, Јована, од петокот работи како помлад јавнообвинителски службеник во Основното јавно обвинителство, дознава „А1он“. Од Јавното обвинителството ја потврдија информацијата. Од таму информираа дека кандидатката по направената селекција, се покажала како најсоодветна за таа позиција.

„Во спроведена постапка по јавен оглас бр.1/2019 година, што го распиша Јавното обвинителство на Република Македонија, објавен во два весника, и по извршена селекција во согласност со Законот за работните односи, лицето Јована Ристеска е ангажирана од 9.2.2019 година. Лицето е дипломиран правник со положен правосуден испит и ги исполнува општите и посебните услои што се бараат за тоа работно место. Договорот за вработување за ова лице е на определено време, односно до 31.12.2019 година, за работно место помлад јавнообвинителски соработник во Основното јавно обвинителство Скопје“, велат од Обвинителството за „А1он“.

Од Обвинитеслтвото потврдија дека и ќерката на обвинителката за гонење организиран криминал и корупција, Гордана Смаќоска, Билјана Смаќоска, е вработена од 2009 година како стручен соработник во Вишото јавно обвинителство Скопје. Уште една ќерка е вработена како стручен соработник во Основното јавно обвинителство Скопје. Станува збор за Ирена Спасовска, инаку ќерка на обвинителката во државното Јавно обвинителство, Лилјана Спасовска. „Вработената Ирина Спасовска во спроведена постапка по јавен оглас е вработена на работното место стручен соработник во Основно јавно обвинителство Скопје на 5.3.2014 година“, одговорија од ЈОРМ.

Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција беше избрана Марија Ѓорѓева, внука на претседателот на Советот на јавните обвинители, Коле Штерјев, за кого има постапка за судир на интереси пред Државната комисија за спречување на корупцијата.

Васко Маглешов 

Би можело да ве интересира

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Известување за притисок врз скопското вишо јавно обвинителството доставено до Советот на јавни обвинители

Обвинителство: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал

Претреси за финансиски криминал на повеќе локации

Предраг Петровиќ

ОЈО: Маж од скопското село Грчец и се заканувал на новинарка

Горан Наумовски