Мајките на деца до шестгодишна возраст и оние кои се на породилно отсуство, денеска попладне повторно излегода на протест пред Владата, против одлуката да се вратат на работа на 23 септември.
Тие бараат да се испочитува препораката на Комисијата за заразни болести за продолжување на породилното отсуство до крајот на годината, бидејќи, како што велат, со новите случаи на заболени, градинките претставуваат ризик за нивните деца.
Според владината одлука, сите родители на деца до 6 години, кои досега беа ослободени од работниот процес како дел од заштитните мерки против ширењето на коронавирусот, треба да се вратат на работа почнувајќи од среда, 23 септември.