Мајкиќ: Уставниот суд мора да ја расчисти дилемата за душевната способност на Иванов

Од:

Народно движење за Македонија го поднесе најавениот допис за запознавање на претседателката на Уставниот суд и испитувањето на скандалозното постапување на поединци во Уставниот суд со кое Иницијативата на НДМ всушност била сокриена и воопшто не им била доставена на уставните судии за расправање и оттука не се знае кој одлучил во име на судот кога пред три дена НДМ доби известување дека Уставниот суд нема да расправа за Иницијативата.

Во изјава за медиумите, Марија Мајкиќ член на Извршниот комитет рече:

Уставниот суд мора да ја расчисти дилемата за душевната способност на Иванов за вршење на функцијата

Како што е познато, Народно движење за Македонија на 1 јуни 2016 поднесе Иницијатива до Уставниот суд за поведување на постапка за утврдување на спреченост на претседателот на Републиката да ја врши функцијата.

Иницијативата на НДМ се сведува на тоа што при иста реалност во земјата, претседателот не може да распознава што значи интерес на државата и носи две различни одлуки за иста фактичка и правна ситуација и притоа и за двете одлуки вели дека се во интерес на народот и државата

Оттука, основано се појави сомнежот дека постојат случаи кои влијаат врз душевната состојба и размислувањето на Ивaнов да не може да ги сфати дејствијата кои ги презема во врска со аболицијата.

Уставниот суд со Известување не информираше дека нема да постапува по Иницијативата за утврдување на спреченост на претседателот да ја врши функцијата.

Меѓутоа, пред три дена медиумите објавија дека Уставниот суд не ја ни разгледал Иницијативата на НДМ и истата воопшто не им била доставена на судиите на Судот.

Оттука, за ваквото скандалозно постапување денеска со писмен допис ја запознавме претседателката на Уставниот суд од која бараме да се заложи за отстранување на прекршувањата на Деловникот на судот.

Поточно, бараме да се постапи согласно Деловникот на Уставниот суд и по Иницијативата на НДМ веднаш да се образува предмет во судот и да се постапува во смила да се отфрли Иницијативата или пак да се поведе постапка во врска со Иницијативата.

Но, како и да е, во секој случај Уставниот суд треба да донесе решение потпишано од претседателката на судот како што е пропишано со Деловникот, бидејќи, не постои правно овластување за Иницијатива пред Уставниот суд да се одлучува со Известување на секретарот како што било во нашиот случај.

Едно треба да му биде јасно на Уставниот суд.

Никој не е над законите и уставот на Република Македонија.

Јасно е, владеењето на правната држава и законот мора да важат за сите подеднакво.

Оттука, целата одговорност за почитување на Деловникот на Уставниот суд паѓа на претседателката на Уставниот суд.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска