Љ.А. (65) и нејзината ќерка К.А. (42) од Скопје синоќа околу 21:30 часот најпрво вербално, а потоа и физички нападнале двајца полициски службеници пред Амбасадата на БиХ, нанесувајќи им телесни повреди.
Немилиот настан на улицата „20-ти Октомври“ почнал со расправија откако полицајците им укажале на мајката и ќерката дека го паркирале нивното возило „Мерцедес“ на забрането место.
Љ.А. и К.А. почнале вербална расправија и потоа физички ги нападнале полициските службеници. Освен што им нанеле повреди, им искинале и делови од униформата.
Мајката и ќерката се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Центар за натамошна постапка.
Се работи на целосно расчистување на случајот.