Мајер: Македонија прави добро што ги брани своите интереси

Од:

Стивен Мајер, поранешен заменик шеф на ЦИА за Балканот, во интервју за МИА вели дека САД и Европската Унија се во фаза на опаѓање, и Македонија прави добро што ги брани своите интереси во процесот на интеграциите.

Мејер, кој бил активен на Балканот за време на војните во 1990-тите години, ги потврдува наводите дека македонското раководство во времето на ембаргото кон Србија шверцувало нафта и други стока и лично профитирало од тоа.

За иднината на Балканот, смета дека границите се уште можат да се менуваат, но не гледа можност за создавање на етнички големи држави.

Господине Мејер, кои беа клучните македонски прашања на кои сте работеле во периодот кога бевте активен како раководител на ЦИА на Балканот?

– Прашањата со Македонија беа пред се да се спречи да не се прелее војната во Македонија. Тоа беше главно прашање. Другото прашање, околу 1999 година, беше движењето на бегалците. Тоа е едно прашање кое го имавме со сите балкански држави. И, секако, имаше обиди за притисок од администрацијата на Клинтон, да се запре шверцот и испораката на оружје од Македонија за Србите. Тоа никогаш не ни успеа. Европската Унија и САД никогаш не успеаа многу добро да го исконтролираат прашањето со шверцот од Македонија. Јас лично се уште познавам многу луѓе во Србија пред се, кои стекнаа богатство од шверц. Имавме постојана интеракција со македонската Влада по ова прашање и јас поминав некое време кај вас, во разговори со македонското разузнавање. Од нивна страна, делумно имаше желба државата економски да преживее, но и приватно ќе речеа дека шверцот е добар извор на приходи, за нив лично, како и за земјата.

Неодамна во Македонија имаше случај околу српскиот бизнисмен Љубомир Периќ – Магаш, кој во повеќе изјави кажа дека во времето на кршењето на ембаргото соработувал со тогашните македонски власти и директно со тогашниот премиер Бранко Црвенковски и министерот за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски.

– Да, секако ми држи вода дека Магаш им давал пари на вашите власти. Го познавам името, знам за него, не го познавам лично. Знам дека тогаш беше некаков бизнисмен. Нема сомнеж дека македонските лидери беа вклучени во шверцот, тоа беше многу профитабилна работа. Не беа единствените. Тоа беше заеднично насекаде низ Балканот. Сите беа вмешани во шверц. Македонското раководство во тоа време сакаше сите опции да им бидат отворени. Никој не знаеше како ќе заврши војната, никој не знаеше како ќе се менуваат границите. Беше разбирливо од страна на македонското раководство да сакаат да си ги држат опциите отворени, да им помогнат на Србите, но и да го држат дијалогот отворен со САД. Македонското раководство тогаш беше едно од најразумните раководства на Балканот, така се гледаше на нив во Вашингтон. И ние Американците некогаш бевме многу дволични. Ја поддржувавме Биљана Плавшиќ, на пример, нашиот државен секретар Олбрајт сакаше да оди кај неа да ја поддржи во кампањата за претседател. Знаевме дека е вмешана во шверцот и молчевме. По војната, кога ја обвинија, ги измивме рацете од неа. Значи, Медлин Олбрајт сакаше да оди во Босна да води кампања за Биљана Плавшиќ. И рековме, ок, ако сакате да и помогнете со сигурност да загуби, одете.

Кои беа последиците за Македонија од овие активности?

– Прашањето за корупцијата и монополот на парите од страна на олигарсите, секако дека не и помогна на Македонија. Тоа беа шверцерски операции кои не беа од полза за сите граѓани. И притоа, корупцијата нема да исчезне и шверцот нема да исчезне ако станете дел од НАТО и од
ЕУ. Одете кај Бугарите, прашајте ги. Подобро е Македонија да работи на својата економија, социјална правда, социјален развој.

Но, се очекува дека со влезот во Европската Унија и со отворањето на границите, Балканот ќе излезе од зоната на шверц.

– Шверцот нема да запре со ЕУ. Може да земе друга димензија. И Бугарите затоа имаат толку проблеми со ЕУ, откако влегоа корупцијата и шверцот кај нив не запреа. Секогаш ќе има шверц и други грозни работи како трговија со бело робје, трговија со деца. Тие работи не запреа со влезот во ЕУ, премногу пари се во прашање. Особено таму каде што е Балканот, на периферијата на Европа. Многу од балканските држави, по приемот во ЕУ, ќе бидат гранични држави на Унијата, така да со вашиот влез во ЕУ може работите дури и да се влошат.

Сметате дека членството во ЕУ и евроатланските интеграции се неповолни за балканските држави?

– Мора да разберете дека САД е сила во опаѓање. Европската Унија е сила во опаѓање. Но, секогаш кога зборувам со луѓе на Балканот, добивам впечаток дека мислат дека САД и ЕУ ги влечат сите конци, дека нив мора да ги слушате за се, а тоа не е точно. Кога ќе ја погледнете
Унија, гледате дека тоа е организација која пука по рабовите. Која не е тоа што беше дури ни пред 10 години, и има многу сериозни проблеми и покрај тоа што ја доби Нобеловата награда, награда која ја доби како одбележување на нејзиното минато. Тоа е организација која не знае што е нејзината иднина, дали сака да се шири или не сака. Можеби Хрватска конечно и ќе влезе во ЕУ во 2013, но за Србија и Македонија ќе треба уште многу долго да се чека. На моите пријатели на Балканот им велам дека условувањата на нивните држави со критериумите за членство во ЕУ е пред се начин земјите да се остават надвор од ЕУ. Кипарскиот амбасадор во САД Анастасијадис неодамна зборуваше за Турците, дека тие самите биле виновни што не се во ЕУ, дека не ја завршиле својата работа. Чекајте малку, Турците имаат проблеми со разните поглавја, но тоа не е само вина на Турција. Има многу важни сили во Европа кои не ги сакаат во ЕУ. Франција кажа директно, Германците исто така не ги сакаат, тоа не е вина на Турците. НАТО е сличен пример, што конкретно НАТО и дава на Македонија, освен честа да бидете со американските сили во места како Авганистан, и да гинете таму? За земја како Македонија, според мене, многу е поважно да се фокусира на градење на економијата, на општеството, на односите меѓу Македонците и Албанците, отколку да кажете дека ќе бидеме побезбедни во ЕУ и во НАТО.

Македонија сепак со голем општествен консензус работи на интегрирањето во ЕУ и во НАТО, попречена со грчкото вето.

– Мислам дека Македонија на Европската Унија и пристапува на интелигентен начин. ЕУ треба да види дали може да ја натера Грција на некој вид на разумно решение за спорот за името, за кој сметам дека пред се е виновна Грција, а не Македонија. Притоа, размислете внимателно каков однос сакате со Унијата, бидејќи ако сакате полноправно членство, тогаш ги добивате и сите нивни проблеми. Им препорачав на неколку балкански водачи да го погледнат моделот на
Украина, каде оваа земја има постигнато одредени договори со ЕУ, како на пример за трговија, но не сака да биде полноправна членка. И вие во Македонија имате постигнато многу договори, и Србите. Сепак, српскиот вицепремиер Вучиќ при неодамнешната посета на Вашингтон кажа дека Србија не може да преживее без ЕУ. Не разбирам што му значи тоа, се
разбира дека Србија ќе преживее. Беше тажна глетка да се следи што зборува. Ако зборувате со луѓето во американската Амбасада во Сараево, велат дека не го сакаат Додик, но го почитуваат поради неговите ставови. За Вучиќ и српскиот премиер Дачиќ е обратно, ги сакаат затоа што се послушни, но не ги почитуваат. Во Вашингтон во Стејт департментот кажуваат вицеви за нив. На Балканот, секогаш другите ве контролирале, и многу балкански водачи се плашат самите да ги контролираат работите. Отсекогаш сте биле најсиромашниот дел на Европа, можеби споредлив само со некои рурални делови на Шпанија и Португалија, и не можете да го напуштите менталитетот дека секогаш некој ве контролирал, седел над вас, дека сте биле дел од Империја и не заборавате на удобноста што таквата состојба ја пружа. Многу е
полесно и поудобно да ги слушаш другите, место да се занимаваш со многу тешката работа сам да ја црташ својата иднина. И кога им предавам на моите студенти, им велам дека многу ме фрустрира кога ги слушам балканските водачи како се патетични кога зборуваат за преземање на својата иднина. Мислам дека тоа е веќе психолошки проблем.

Сметате дека е потребно менување на пристапот на балканските држави кон ЕУ?

– Начинот на гледање кон ЕУ од страна на Балканот е толку застарен, што веќе е митолошки. Начинот на кој се поставуваат работите е дека треба да има или соработка со ЕУ, или со Русија; или со ЕУ или со Иран, никако со двете. Тоа не е точно. Вие треба да гледате насекаде,
и кон Русија, и кон Иран, и кон Кина. Во овој денешен свет не мора да имате само еден фокус, всушност за мала држава подобро е да има широк фокус. Вие веќе имате многу од придобивките што доаѓаат со членството. Но, со полноправно членство и со влез во Еврозоната, вие ќе бидете дел од проблемот со спасувањето на Грција. Видете што се случува во Грција, Шпанија, Италија. На Грција сигурно не и е подобро со тоа што е членка на ЕУ. Мислам дека за првпат од времето на режимот на полковниците, Грција е повторно на Балканот, веќе не е европска држава туку повторно е балканска држава. Прашајте ги Бугарите, Романците. Повторно ќе има прашања за одржливоста на Италија, Франција. Мислам
дека е многу сериозно да се постави прашањето за Македонија, дали навистина би ви било подобро со полноправно членство, што ќе добиете со тоа, дали навистина ќе бидете побезбедни. Мислам дека одговорот не е автоматско да. Бев во Албанија пред една година и зборував со премиерот Бериша. Менталитетот во Албанија е сличен како порано, во комунизмот, и тие само ја линијата. Ставот е: слаби сме, сиромашни, мора да го правиме тоа што ни се вели од надвор. Не го разбирам тој став во современиот свет. Има една тенденција кај многу балкански политичари, да не мислат за 2012 или 2013 година, туку за тоа што било пред неколку децении. Денес, таму каде беше американската моќ, веќе ја нема. Таму каде што беше влијанието на ЕУ, веќе го нема. Кога имате свет кој го води глобализацијата, а Европа има структурни економски проблеми, јас би рекол дека посиромашните економии на Балканот со понизок животен стандард имаат подобра можност да подадат рака до земји како Кина, Јапонија, Иран, Бразил, и притоа, секако и кон ЕУ и САД, но не ексклузивно кон нив. Но, дури и во Демократската партија во САД, има политичари кои сметаат дека ако си про-руски не можеш да си про-американски. Тоа е бесмислица во ова време.

Вие сте познат во круговите на набљудувачите на Балканот како редок познавач на состојбите кој зборува и за менување на границите. Кое е вашето мислење за оваа изјава?

– Границите на Балканот се уште се отворено прашање. На Балканот има граници што уште не се решени. Клинтон неодамна во Србија порача дека нема да има промени на границите и поделби, по што албанските претставници во Вашингтон ги повикаа српските власти да го признаат Косово, бидејќи планот за негова поделба не е прифатен од САД. Претпоставката тука е дека, ако Клинтон тоа го кажала, тоа мора да се слуша. Но, не е така. Зависно како одат разговорите со Косово, мислам дека неговата поделба се уште е можност, при што северниот дел на Косово би преминал во Србија, а две општини од југот на Србија би станале дел од Косово. Во Босна исто така има можност од промени на границите, и тоа би можело да биде спроведено внатрешно, бидејќи Република Српска по сите правила веќе е независна држава чиј водач Додик засега се уште ја одржува фикцијата дека постои босанска држава. Во меѓувреме, имавме промни на границите со независноста на Црна Гора, Хрватите и Словенците на некој начин делумно го решија своето гранично прашање. Кога Приштина прогласи еднострана независност, и тоа беше дефакто промена на границите, како и независноста на Македонија. Секако дека промена на границите е можна, но тоа мора да биде со договор, мора да биде како дел од пакет. Нема ништо свето кај границите, границите тука се менуваа кога САД ќе кажеа дека може да се сменат, а не се менуваа кога САД ќе речеа не. Така беше со Чехословачка, со Полска по Втората светска војна.

Разговорот го водиме во сенка на изјавата на албанскиот премиер Сали Бериша, кој зборуваше за албанската нација, која предизвика реакции, вклучително и од македонската страна.

– Конкретно со Македонија, имате состојба на западот, но Македонија функционира. Албанските водачи во Македонија, кога зборувам со нив, сакаа Охридскиот договор да остане и преку него да се работи. Не знам искрено што носи иднината, сметам дека Македонија заслужува да постои, секако не знам дали ќе постои засекогаш. Македонското и албанското раководство мора искрено да зборуваат. Кога албанскиот премиер Сали Бериша зборува за една албанска нација, не верувам дека многу македонски Албанци би сакале да бидат дел од таква Албанија. Зборувам со косовски Албанци, и тие не се многу среќни од идејата да бидат дел од Албанија. Но, тоа мора да се реши меѓу македонската Влада и албанските водачи во Македонија. Во американската револуција, во нашата борба против Британците, имало изрека, можеме да се држиме заедно, или да не обесат секој одделно. Лично мислам дека тоа веќе не е возможно да се има голема Албанија, или голема Србија. Кога зборувам за промени на границите, не мислам дека Балканот може да доживее големи промени. Моето гледање кон Македонија е како кон една земја против која одат многу работи. Сите сакаа парче од Македонија, Бугарите сметаа дека Македонија е западна Бугарија, Албанците сакаа парче од Македонија, во минатото тоа го правеше и Србија. Но, Македонија е земја која постапува многу одговорно.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он