МАЈЕ со осуда на повикот за линч на неделникот „Заман“ од Македонија

Од:

Медиумската асоцијација на Југоисточна Европа (MAJE) се приклучи кон реакциите на Здружението за заштита на националните печатени медиуми на Македонија и Здружението на новинарите на Македонија, со која се бара заштита на македонскиот весник “Заман”, што своите содржини ги објавува на турски јазик. Заман објавува две изданија – неделен и месечен весник.

Турската амбасада во Скопје неделникот „Заман“ го нарече “терористички билтен”, што медиумските здруженија го оценија како скандалозен обид за линч на овој медиум.

Ваквата реакција на турската амбасада откако во македонските медиуми беше објавено дека весникот „Заман“ ќе биде еден од медиумите што ќе добијат финансиска поддршка од Владата на Република Македонија, преку проектот за поддршка на печатените медиуми.

Ваквите напади врз медиумите се неприфатливи и крајно опасни и сите актери мора да се воздржат од ваквите и слични квалификации, па дури и дипломатско-конзуларните претставништва. Слободата на печатот е право што не смее да го загрози или ограничи кое било лице или институција. Ваквото посочување на медиум, против кои не се води каков било кривичен или друг процес, е неприфатливо во секоја демократска земја, се наведува во писмената реакција на Медиумската асоцијација на Југоисточна Европа, потпишано од нејзиниот извршен директор Вук Мараш.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми