Мајчинско отсуство од пет и родителско од четири месеци предвидува новиот Предлог закон за работни односи

Од:

Новиот Предлог закон за работни односи наместо досегашното породилно отсуство, предвидува поделба на мајчинско, татковско и родителско отсуство.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ги појасни нејаснотиите околу предлогот кои предизвикаа жестока дебата на социјалните мрежи поради менувањето на терминологијата за породилно отсуство.

„Татковското отсуство е во траење од 15 дена и се користи веднаш по раѓањето на детето, ако е едно дете, а за близнаци, тројки и повеќе родени деца, во траење од 20 дена. Мајчинското отсуство трае 5 месеци, а родителското по четири месеци за секој родител поединечно.

Иако на прв поглед изгледа дека е намален периодот на мајчинско отсуство, сепак не е така, бидејќи мајката има пет месеци мајчинско и четири месеци родителско отсуство, значи, останува со детето исто како и досега, девет месеци.

Но, дополнително, тука се и четири месеци на родителско отсуство на таткото, кои доколку се користат од страна на таткото по истекот на мајчинското и родителството отсуство на мајката, значат дека детето, наместо досегашните девет месеци, ќе може да биде под родителска грижа вкупно 13 месеци“, објави министерката Тренчевска.

Воведувањето на три вида на отсуство имаат за цел изедначување на улогата на мајката и таткото, односно мажот и жената во периодот на растење на детето, појасни министерката и додаде дека во следниот период ќе има јавни расправи по Предлог законот за работни односи.

Би можело да ве интересира

Стефковски: Тренчевска врши упад во системот за да и ги одзеде ингеренциите на Гази Баба

Предраг Петровиќ

Тренчевска: Одговараме брзо и неодложно на потребите на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Помирувачот помеѓу СОНК и владата е десна рака на Тренчевска, ова е измама

Предлогот за продолжено породилно отсуство до 12 месеци ќе биде на јавна дебата во јуни

Катерина Павлова-Николовска

Заев вети: Владата ќе ги разгледа барањата на мајките кои користеа породилно отсуство

Ана Ололовска

Шахпаска и Филипче на средба со родителите: Градинките имаат капацитет за безбедна и целосна грижа за децата

А1он