А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Маглата го отежнува патниот и авиосообраќајот

by А1он06/01/2016 - 10:19268
Share0

Намалената видливост од маглата го отежнива одвивањето на патниот и авиосообраќајот во дел од државава.

Добивај вести на вибер

На аеродромот „Александар Велики“ се отакажани утринските летови од Белград и од Истанбул до Скопје, а одложен е летот од Цирих. Отакажани се и полетувањата за Белград и за Истанбул. Преостанатите денешни слетувања и полетувања, според информациите од веб страницата аеродромот „Александар Велики“, треба да се одвиваат според утврдениот ред на летање.

Според Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), поради појава намалена видливост од 30 до 50 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, до 50 метри на патните правци Велес – Катланово, Катланово – Велес и на планинскиот превој Ѓавато, а од 100 – 150 метри на патните правци Скопје – Катланово, Катланово – Скопје и Велес – Штип.

Се препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. 

АМСМ потсетува дека од 15 ноември во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2016 година.

maglatav

Би можело да ве интересира

Магла на планинските превои Стража и Плетвар, патниот правец Бунец – Маврови Анови и во Крушево

Катерина Ѓуровски26/12/2025 - 12:29

Магла на патиштата – отежнат сообраќај на повеќе правци

Горан Наумовски25/12/2025 - 07:59

Магла на Стража, снег на Попова Шапка

Горан Наумовски24/12/2025 - 07:1724/12/2025 - 08:49

Намалена видливост поради магла на патните правци Страцин – Кратово, Скопје -Тетово, Велес -Скопје и Куманово -Скопје

Катерина Ѓуровски23/12/2025 - 08:30

Скопскиот аеродром повторно во нормала, но маглата предизвика осум откажувања

Горан Наумовски22/12/2025 - 14:5322/12/2025 - 15:36

АМСМ: Густа магла го отежнува сообраќајот на неколку патни правци

Горан Наумовски22/12/2025 - 12:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен