Магла од Бошков мост до ХЕЦ Глобочица

Од:

Сообраќајот низ Македонија се одвива без забрани, по суви коловози во пониските и наместа влажни коловози на повисоките места.

Како што соопшти АМСМ, магла со видливост до 50 метри има на патот од Бошков мост до ХЕЦ Глобочица.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Според АМСМ, посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Би можело да ве интересира

Магла на Плетвар, влажни коловози

Отежнат сообраќај на Плетвар и кај Крушево поради магла и снег

Магла на патот Свети Николе – Сарамзалино – Велес

Сообраќајки, замрзнати улици, активиран Кризен штаб по падот на температурите

Магла на планинските превои Стража и Плетвар, патниот правец Бунец – Маврови Анови и во Крушево

Магла на патиштата – отежнат сообраќај на повеќе правци