Магла на Стража, Пресека, Ѓавато, Плетвар и Маврово

Од:

На планинските превози Стража, Пресека, Ѓавато, Плетвар и во Маврово има појава на магла со видливост од 100 до 150 метри, а повремен слаб снег, кој не се задржува на коловозот има во Павлешенци, информираат од Автомото сојузот на Македонија

Се уште важи забраната за движење на тешки товарни возила над 7,5 тони и автобуси на патот Ржаничино – Долно Коњаре поради оштетување на средниот столб на мостот на реката Пчиња.

Останува во сила и забраната за движење на возила на патот Киселица – Злетово поради свлечиште.

Во прекин е сообраќајот на регионалниот пат на м.р. Глобица во непосредна близина на селото Ратавци – Пробиштип и на патните правци кон селата Степанци и Суво Грло.

На патот Радовиш – Штип штетата на мостот е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента.

На останатите патишта сообраќајот се одвива нормално по влажни коловози.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска