Магла на повеќе патни правци, се нормализира авиосообраќајот

Од:

Поради појава на магла намалена видливост има на патниот правец Македонски Брод – Кичево од 30 до 50 метри, на патот Охрид – Струга од 40 до 50 метри и на планинскиот премин Ѓавато од 50 до 100 метри, соопшти во пладневниот извештај за состојбата на патиштата Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

По утринските откажувања на полетувањата и слетувањата на Меѓународниот аеродром Скопје кои беа попречени од густата магла, од претпладне, односно напладне, се реализираат планираните летови.

Како што информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, поради појава на магла и можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска