А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Магла на Плетвар, одрони на повеќе патишта

by А1он06/02/2015 - 13:42100
Share0

Поради појава на магла видливоста на планинскиот премин Плетвар е намалена од 70 до 100 метри. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, како и на планинските премини Буково и Ѓавато, информира во денешниот пладневен извештај Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Добивај вести на вибер

На патниот правец Катланово – Велес после наплатната станица Сопотп оради голем одрон сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента, за што има поставено сообраќајна сигнализација. На патот Кочани – Македонска Каменица, поради големи одрони од камења, сообраќајот е во целосен прекин за секаков вид моторни возила и се пренасочува преку Виница – Берово и Делчево.

Одрон се уште го попречува сообраќајот на патот Близанско – Козјак на 1,6 километар после браната, а излеаната вода од Вардар сообраќајот на Марвинци – Гевгелија. Непроменета е и состојбата на патиштата Кочани – Зрновци и Тработивиште – Разловци, каде се попуштени мостовите на реката Брегалница, а алтернативен пат за Тработивиште е стариот пат Делчево – Тработивиште.

Во општина Пробиштип, поради свлечиште и понатаму е во прекин сообраќајот за сите видови моторни возила на патниот правец Киселица – Злетово. Возилата се пренасочени од Киселица – Пробиштип – Леговец – Злетово.

Локалниот пат за село Покрајчево кој го поврзува магистралниот пат Радовиш-Струмица, поради излевање на Радовишка Река, сообраќајот е во прекин и се одвива преку село Подареш-Радовиш.

Регионалниот патен правец од село Тополчани кон село Клепач поради премногу вода е во прекин за секаков вид сообраќај. Поради висок водостој затворен е за сообраќај и патниот правец Битола-Старавина, на 8 километри пред село Новаци.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

patista

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Горан Наумовски02/12/2025 - 10:52

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он21/10/2025 - 16:4021/10/2025 - 16:24

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски01/09/2025 - 14:57

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Предраг Петровиќ31/08/2025 - 12:14

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Горан Наумовски01/06/2025 - 09:00

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

Горан Наумовски14/01/2024 - 08:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен