Магла на патиштата кај Крушево и Пресека

Од:

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Слаб снег паѓа на Попова Шапка и Маврово, но засега не се задржува на коловозот, додека во југозападниот дел од државата врне дожд, информира Автомотосојузот на Македонија во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.

Поради појава на магла, намалена видливост до 50 метри има во Крушево и на планинскиот премин Пресека.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење на отежнатите услови за сообраќај и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Би можело да ве интересира

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on