Магационери од Дебар затајувале данок – Еве колкава штета и направиле на фирмата

Од:

ПС Струга поднесе кривична пријава против Љ.А.(67) од Дебар поранешен директор на ХЕС ,,Шпиље“ – Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „несовесно работење во службата“ и против М.С. (70) и Ф.К. (57), поранешен и сегашен магационер во хидроцентралата, двајцата од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „затајување“.

Првопријавениот иако знаел дека со пописот од 31 декември 2008 година, по книговодствената вредност бил констатиран кусок на материјали во износ од 206.049,оо денари, а се однесува за 5.834 метра електро-кабел, не презел дејствија за откривање на одговорните лица, односно дозволил пописната комисија да бара од Централната пописна комисија кусокот да се расходува и отпишува од евиденција, иако знаел дека тоа не е можно бидејќи се расходуваат само оштетените и неупотебливите предмети.

Второпријавениот како магационер до 2008 година и третопријавениот како сегашен магационер, иако знаеле дека во магацинот утврден е кусок на електро материjали од страна на пописната комисија, сепак не извршиле примо-предавање на материјалите со реален попис туку кусокот бил прикриен и пренесен и во наредните години давајќи им ги на пописните комисии старите пописни листи од кои тие само препишувале состојби.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он