Магационер украл роба од 3,5 милиони денари

Од:

Шеесет и едногодишниот кумановец Ј.М. е уапсен од полицијата, бидејќи како што денеска извести МВР, во периодот од 2013 година до 2015 година, континуирано, на засега неутврден начин изнесувал различна роба од магацинот на Кожарско преработувачки комбинат од Куманово. Украдената стока наводно ја земал откако му бил доверен клучот од магацинот, а штетата е проценета на 3,5 милиони денари.

По наредба на Основениот суд од Куманово, извршен е претрес во неговиот дом и други простории на три локации при што со потврда за одземени предмети одземени се разни предмети за кои постои сомнение дека се сопственост на фирмата.

При претресот пронајдени се повеќе од 100 парчиња машки и женски кожни јакни и бунди, 62 бали разновидна кожа , женски здолништа, женски чанти, кожни елеци, женски и машки пликоа, кожни мантили, паричници, ремени, машини за шиење на кожа, разни делови за машини и многу други предмети.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он