Магационер крадел и продавал армиска муниција

Од:

СВР-Велес денеска поднесе кривична пријава против 41 годишниот А.Д. од Куманово, вработен во АРМ, осомничен за сторено кривично дело „противзаконито располагање со доверено оружје“.

А.Д. од Куманово, бил вработен во АРМ како ракувач на магацин во издвоен објект или поточно во магацините на велешкиот гарнизон на АРМ во селото Отовица.

Како што информираше на денешната прес-конференција Анита Стојковска потпаролот на СВР-Велес, кривичното дело тој го сторил во периодот од септември 2013 до март 2014 година при што пријавениот во повеќе наврати присвојувал парчиња муниција. Тој отуѓил 6.300 парчиња муниција со калибар 7.62 за автоматска пушка кои му биле доверени на чување, а кои служат за потребите на одбраната на Република Македонија.

– Пријавениот е откриен дека го сторил делото при контрола односно попис по што се константирало дека недостасува муниција. Според првичните податоци пријавениот ја продавал муницијата, но се уште се истражува на кој и како ја продавал муницијата. Со стореното кривично дело ја оштетил АРМ за сума од 75.600 денари, информира портпаролот Стојковска.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација