М-НАВ потпиша меморандум за конзорциски настап на тендер за услуга во Европа

Од:

Давателот на услуга во воздухопловна навигација во Македонија М-НАВ се стекна со право да учествува на тендер за обезбедување централизирана услуга на Евроконтрол за примена на програмата за Единствено европско небо, соопшти денеска М-НАВ.

Евроконтрол определи девет потенцијални услуги кои ќе бидат централизирани и имплементирани во Европа. Првата таква услуга е корелација на плановите за лет со аеродромските слотови. Со воведување на оваа централизирана услуга ќе се врши проверка на конзистентноста на плановите за лет во однос на деклаирарните аеродромски слотови. Со тоа треба да се постигне поголема искористеност на аеродромските капацитети како и да се зголеми точноста на летовите.

М-НАВ, според соопштението, ги поминале предквалификациите што ги водеше „Евроконтрол“ и се стекнале со право за учество на тендерот за услугата. Во Братислава претседателот на М-НАВ Живко Попоски потпишал меморандум за разбирање со кој се овозможува конзорциски настап со партнерите ИБМ Белгија и ЛПС-давател на услуга во воздухопловна навигација во Република Словачка.

– Со овој чекор се отвара можност помалите европски компании како што се М-НАВ и ЛПС поддржани од реномираниот индустриски партнер ИБМ да земат централна улога во една од централно управуваните услуги во Европа, се вели во соопштението.

Во насока на барањата на Европската Комисија за правење исчекор кон имплементација на програмата за единствено европско небо, Евроконтрол презема иницијатива и го разви концептот за централизирани услуги како модел за унапредување на перформансите и конкурентноста во управувањето на воздушниот сообраќај. Концептот треба да овозможи дел од услугите кои ги користат системите за управување на воздушниот простор да се вмрежат и централизираат бидејќи на тој начин ќе бидат поефикасно искористени.

Би можело да ве интересира

Mакедонски државјанин уапсен на аеродромот во Загреб – допираше 15 годишно девојче во авион

А1он

Во стан во Аеродром е пронајдена почината 65-годишна жена

Трет дрон и експлозиви пронајдени во близина на Лајпциг: Истрагата за нападот на аеродромот открива повеќе индиции

Аеродромот во Истанбул вчера постави рекорд по бројот на патници

А1он

Обвинителството побара мерки за претпазливост за малолетниците кои во Аеродром тепаа и со мобилни ја снимаа жртвата

Горан Наумовски

37-годинашна жена од Аердром е пронајдена мртва во својот стан

Горан Наумовски