Лустраторот на Славко Јаневски сака да биде антикорупционер: Не се сеќавам дека гласав да се лустрира

Од:

Еден од аспирантите за иден антикорупционер, Вецко Здравевски, предизвика бура реакции на седницата на Комисијата каде се вршат интервјуата. Тој девет години бил член на Комисијата за утврдување на факти. „Комисијата за верификација на факти работеше праведно колку што бил праведен законот. Проблемите беа во законот и во службите на Државна безбедност. Ние бевме први кои пред 10 години откривме корупција во безбедносните служби“, рече Здравевски.

На почетокот велеше дека не се сеќава дали и тој гласал за лустрација на Славко Јаневски, за потоа да признае дека гласал бидејќи имало куп документи и го следел законот. Во 2015 година, тој како член на Комисијата за лустрација не сакал да ги коментира снимките од бомбите во кои се споменува тој и неговата сопруга за партиско вработување.

Во дел од разговорите во кои, како што тврдеше СДСМ, Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков договараат да се продолжи мандатот на сопругата на Здравевски, бидејќи тој ги поддржувал во Комисијата за лустрација.

Тој денеска рече дека не се работело за продолжување на мандатот, бидејќи неговата сопруга 4 години чекала работа, и ако бил нивни човек немало таа да биде тогаш на листа на чекање.

На пратениците им рече дека и сега би ги поддржувал, иако тие му посочија дека не треба да ги поддржува, туку треба да ја следи работата на функционерите. Ги пофали пратениците дека тие според него, се многу помалку корумпирани од другите.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДКСК даде свечена изјава во Собрание

Гир: Загрижува слабата имплементација на препораките на Антикорупциска

Антикорупциска ќе достави предмет до ОЈО против екс градоначалникот Коневски за бесправно добивање деловен простор

Од 56 иницијативи на Антикорупциска за покренување постапка за крвично гонење ниту една не е процесуирана

Комисиска расправа за утврдување листа на кандидати за член на ДИК

Утврдена листата за избор на претседател и членови на Антикорупциската комисија