„Емисијата КОД постои од 2007-ма година и во овие 11 години имав притисоци од разни центри на моќ: политички, бизнис, подземје… но јас никогаш не потклекнав. Оваа наша решителност и одлучност секогаш да бидеме на страната на вистината ни донесе многу награди и признанија, а особено ни е драга и последната од ЗНМ за настаните од 27 Април во Собранието..“, напиша новинарката Снежана Лупевска Созен, на својот Фејсбук профил.
„Вечерва се соочив со уште еден притисок кога бев информирана дека новата епизода на КОД нема да биде објавена во целост. Во емисијата ги прикажуваме трагичните судбини на двајца работници. Едниот од нив умрел во фабричката хала кога го згмечиле котури а другиот останал без двете раце при повреда на машината на која работел. И двата случаји тапкаат низ судските лавиринти со години. Александар е мртов а Христијан е без рака но се надева на вештачка за која во моментов нема финансиски средства“, додава таа.