Лукаревска: Вложуваме во животниот стандард на граѓаните, а не во сторипор и бронза

Од:

Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, во рамките на денешната партиска трибина, посветена на енергетската безбедност и зелената транзиција во Скопје порача дека СДСМ е тука за граѓаните и СДСМ ќе продолжи да работи за доброто на народот и на државата.

– Парите во време на ВМРО-ДПМНЕ се трошеа на стиропор кој денеска се распаѓа, на бронза, на бикови и жални врби. Денеска парите завршуваат назад кај граѓаните. Минималната плата беше едвај 8.000 денари, а во некои сектори и помала. Денеска минималната плата е 20.000 денари и ќе продолжи да расте. Просечната плата во време на ВМРО-ДПМНЕ беше 20.000 денари. Денеска просечната плата е над 34.000 денари и ќе продолжи да расте, нагласи Лукаревска.

Заменик претседателката на СДСМ истакна дека сега пензионерите не се злоупотребуваат со мали покачувања само пред избори, туку пензиите континуирано растат, СДСМ само за една календарска година ги зголеми за 25 отсто и ќе продолжат да растат за сите 330.000 пензионери.

– Во инвестициите имаме рекордно највисоки нивоа на директни странски инвестиции откако постои независна Македонија, лани имавме 650 милиони евра. Пред неколку денови се потпиша договор за нова странска директна инвестиција вредна 205 милиони евра, што е најголема странска инвестиција во независноста на нашата држава, рече Лукаревска.

Заменик претседателката на СДСМ Лукаревска истакна дека само во 2022 година, повратот на ДДВ изнесува над 727 милиона евра, што е и највисок поврат на ДДВ кон стопанството од независноста на државата до денес.

– Во времето на ВМРО-ДПМНЕ беа изградени и рехабилитирани вкупно 600 километри патишта и тоа за десет години, додека СДСМ за само пет години изгради и рехабилитираше 1.300 километри, нагласи Лукаревска, додавајќи дека од почетокот на мандатот СДСМ изгради 80 детски градинки, реконструираше 29 училишни објекти, во 21 училиште е започнато со реконструкција.

Остануваме рамо до рамо со граѓаните, продолжуваме да испорачуваме резултати што прават разлика, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска.

Би можело да ве интересира

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда