Лукаревска: Новата Влада е Влада на континуитет и најдобрата опција за сегашноста и иднината на државата

Од:

Пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска во денешното обраќање во Собранието посочи дека сите треба да сме горди затоа што ова е прва собраниска дебата за избор на нова Влада во која нашата држава е полноправна членка на НАТО и започнува преговори со Европската унија.

– До денес сите изборни соочувања биле историски и раскрсници, како и последниве. Граѓаните одлучуваа дали ќе дадат поддршка на прогресивните сили или ќе не вратат назад во мрачното време кога се трагаше по античките корени и хунзите, истакна Лукаревска.

Таа посочи дека победата на СДСМ и коалицијата Можеме е потврда дека граѓаните се определија за членството во НАТО, за почеток на пристапни преговори со ЕУ, за длабоки внатрешни реформи чија круна е прочистување на судството, испорака на правда и владење на правото, а тоа ќе донесе економски развој и подобар животен стандард.

Обраќајќи се кон пратениците од опозицијата, Лукаревска подвлече дека на државата и е потребна модерна опозиција која наместо да ги опструира процесите, ќе стане партнер во градењето на Европска Македонија.

Таа пред собраниската говорница зборуваше за предизвиците со кои се соочи Владата предводена од СДСМ изминатиот перод од три години, како и соочувањето и справувањето со најголемата здравствена и економска криза предизвикана од корона вирусот.

– Ова е Влада на континуитет и нова надеж и Влада која излезе со програмска понуда за следните 4 години, каде се детектирани сите претходни слабости и земени се предвид пораките на граѓаните и тоа што од нас бараат да го испорачаме, рече Лукаревска.

Таа истакна дека предложените министри се чесни, искусни, одговорни и работливи луѓе, а пред нив се нови стратешки цели и носење одлуки за и во интерес на граѓаните.

– Искрено верувам дека е ова најдобрата опција за сегашноста и иднината на Република Северна Македонија и затоа ќе го дадам мојот глас, заврши Лукаревска.

Би можело да ве интересира

За 50 отсто поскапена цените на угостителските услуги во владините објекти

Горан Наумовски

Влада донесе одлука: Вработувања на 600 специјализанти, разрешен е директорот на „Шутка“, на негово место е именуван Бобан Утковски

(ВИДЕО) Лукаревска: Со 4,9% дефицит и 68% јавен долг, ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во финансиски амбис

Горан Наумовски

СДСМ: Кадровски дебакл на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, професор по физичко на заменичко место во МВР

(ВИДЕО) Димитриеска Кочоска: Буџетот е оштетен за повеќе од 32 милијарди денари

Катерина Ѓуровски

Предложени замениците министри