Луј XV ќе се „всели“ во Владата

Од:

Стилот од времето на Луј XV, измешан со она што било модерно во 30-тите години, пото а, перници со мемори-пена, пердуви, фотелји во боја на „кралско“ вино, рачно ткаени килими, Владата се впушта во барање на ваков мебел со кој сака да ја опреми зградата на Владата, додека го чека новиот астанар.

Сето ова може да се прочита на страницата на Бирото за јавни набавки, каде е наведено дека се бара канцелариски мебел, мебел за терасата, мебел за одмор и теписи за што вкупно ќе бидат потрошени околу 52.000 евра.

За опремување на терасата, Владата бара набавка на тросед и двосед без наслон, изработени од дрвена конструкција, а за терасата ќе се купат и по две клуб-маси и помошни масички, четири мали маси и една ТВ комода.

vladaRM

Владата ќе купи и три килими со максимум димензии 3 на 2 метри. Треба по состав да се 100 отсто волна на лицето и 100 отсто памук на опачината.

Килимот треба да биде рачно ткаен, со карактеристични крупни видливи бодови, во антрацит или кафеава боја. Објектот на Владата ќе биде ограден со метална ограда која ќе чини 700.000 евра.

За реконструкција на Владата досега се потрошени 11 милиони евра 10 милиони евра се за фасадата, еден милион за терасата.

Непознато е зошто за некои делови се бира стилот рококо од времето на Луј XV, кoj го карактеризира намештај од скапо дрво и тешки материјали, најчесто со мотиви на цвеќе и животни.

loisXV

Луј XV бил крал на Франција и Навара во периодот од 1715—1774.

На почетокот бил омилен владетел и го добил прекарот „љубимец“. Но неговите реформи и војни кои ги водел не биле успешни, а приватно живеел расипнички.

Историчарите ја толкуваат неговата склоност кон љубовници, од кои најпозната била Мадам де Помпадур, поради неговата несигурност на дете растено без мајчинска нежност.

Би можело да ве интересира

Поради пожарите: Владата прогласи кризна состојба од 30 дена

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток