Луѓе блиски на власта уценуваат државни службеници и студенти

Од:

Се вжештува битката пред вториот изборен круг. Се ловат гласови на секој начин, а како и секогаш на мета се и државните службеници, и студенти.

Студенти за порталот Плусинфо сведочат дека луѓе блиски на власта, кои се инфилтрирани на универзитетите, имаат задача да одат од студент на студент и да ги прашуваат за кого ќе гласаат. Тие информации се забележуваат во список, заедно со домашната адреса на студентот – гласач.

Државните службеници имаат „задача“ да соберат по 20 адреси од луѓе кои ќе излезат да гласаат.

„Синоќа ми се јави блиска пријателка која работи како државен службеник за да ме праша дали ќе излезам на гласање. Јас ѝ реков дека ќе излезам да гласам, но дека не можам да ѝ кажам за кого. Веројатно ѝ беше непријатно да инсистира и затоа само ги запиша моето име и адресата“, вели читател за Плусинфо.

Потсетуваат на аферата од 2011 година, за парламентарните избори, кога, сега затворената А1 телевизија ја обелодени аферата „Списоци“ во која државни службеници требаше да донесат списоци од 15 или од 30 „сигурни гласачи“.

За надлежните тука немаше ништо и не реагираа, иако списоците и документите, како и снимениот аудио материјал им беше предаден од телевизијата.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември