Либералната партија веќе во 2013 го изнесе предлогот спомениците од проектот „Скопје 2014“ да се дислоцираат од општината Центар и да се префрлат во други градови и места во Републиката. Тој наш предлог не беше поддржан.
Промената на фасадата на ГТЦ дополнително ја потврдува насилноста со која Владата на ВМРО-ДПМНЕ, без било какви критериуми и чуство за историска одговорност настојува да го руши изгледот на градот Скопје и вештачки да му импутира разни ад-хок гипс решенија.
Затоа Либералната партија ги повикува сите граѓани на општина Центар во недела, на 26 април, масовно да излезат на гласање и со успехот на овој референдум да ја осудат самоволната и насилна политика на владата на ВМРО-ДПМНЕ во сите области на животот.