По повод уривањето на рускиот авион Ту-154 во источниот дел на Црното Море, претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски испрати писмо со сочувство до амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Олег Шчербак.
– Со жалење ги примивме вестите за уривањето на рускиот авион Ту-154 во Црното Море, кој одзеде деведесет и два животи. Либералната партија изразува сочувство до руската нација, семејствата и роднините на жртвите во несреќата, по повод уривањето на авионот во Црното Море, на 25 декември. Заедно тагуваме во овие тешки моменти, и убедени сме дека нацијата ќе се опорави од оваа трагегија, стои во писмото.