ЛП: Со можноста за помилување на изборен криминал, Уставниот суд ги компромитира и следните избори

Од:

„Отворањето постапка во Уставниот суд за оценка на уставноста на Законот за помилување во делот на помилување лица што сториле кривични дела поврзани со изборниот процес за Либералната партија веќе значи навестување на уште поголеми слободи на насилниците во изборниот процес.

Ваквата постапка значи можност за помилување на лица што го криминализирале изборниот процес и ја попречувале и искривувале волјата на гласачите.

Но, во очекување на претстојни парламентарни избори како дел од излезот на тековната криза, кога и да се одржат тие, со отворањето на постапката и веќе извесната одлука на Уставниот суд, органот задолжен за заштита на уставноста практично ќе ги охрабри сите насилници да вршат кривични дела и преиначување на искажаната волја на граѓаните во уште поголем обем.

Либералната партија предупредува дека тоа е вовед во дополнително разгорување на изборното насилство и нов елемент за продлабочување на кризата“, се вели во соопштението на ЛП.

Би можело да ве интересира

ЛП: Скандалозна одлука на Уставниот суд, со мораториумот се докажа дека се можни промени и на општинско ниво

Ана Ололовска

ЛП: Да се забрани трговија на големо и мало во недела и на празници

Ана Ололовска

ЛП: Дислокација на обложувалниците и казината надвор од насeлените места

Ана Ололовска

ЛП: Дали е спроведена истрага за промашувањето на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид

Ана Ололовска

ЛП: Реформа во администрацијата е итно потребна

Ана Ололовска

ЛП: Со воведувањето на налепници за возилата нема да се реши проблемот со загадувањето

Ана Ололовска

Leave a Comment

1 × three =