ЛП: Со аболицијата, Иванов создаде вонредна состојба и отвори пат за итна собраниска седница

Од:

„Со одлуката на Ѓорге Иванов за прекинување на сите кривични постапки против политичарите кои се поврзани со политичката криза и аферата за прислушање, тој директно го прекрши членот 9 од Уставот на Република Македонија.

Потсетуваме на членот 9 од Уставот:

  • Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.
  • Граѓаните пред уставот и законите се еднакви.

Според Либералната партија, со својот акт Иванов ги стави политичарите во надредена, „класна“ позиција во однос на сите „останати“ граѓани на Република Македонија.

Со тоа, Иванов го прекрши Уставот и создаде вонредна состојба во земјата.

Либералната партија оценува дека на овој начин создадени се сите услови за итна седница на Собранието, на која ќе се започне постапката за утврдување одговорност, согласно членот 87 став 2 од Уставот на Република Македонија.

Слушнавме дека и ВМРО-ДПМНЕ изрази „фрапираност“, „неверување“ и „несогласување“ со потегот на Иванов, и СДСМ изрази оценка дека потегот е еднаков на „државен удар“. Оттука, Либералната партија ги охрабрува пратениците да пристапат кон отпочнување на постапките за утврдување одговорност на Иванов.

Укажуваме дека сега е критичниот момент низ институционална постапка политичкиот процес и надпартискиот консензус институциите, политичарите, партиите… да застанат во одбрана на владеењето на правото. Во спротивно, оваа постапка на Иванов е почетокот на демонтажата на државата и системот“, соопштуваат од ЛП.

Би можело да ве интересира

ЛП: Скандалозна одлука на Уставниот суд, со мораториумот се докажа дека се можни промени и на општинско ниво

Ана Ололовска

ЛП: Да се забрани трговија на големо и мало во недела и на празници

Ана Ололовска

ЛП: Дислокација на обложувалниците и казината надвор од насeлените места

Ана Ололовска

ЛП: Дали е спроведена истрага за промашувањето на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид

Ана Ололовска

ЛП: Реформа во администрацијата е итно потребна

Ана Ололовска

ЛП: Со воведувањето на налепници за возилата нема да се реши проблемот со загадувањето

Ана Ололовска