ЛП: Сите советници во Аеродром да застанат на страната на граѓаните

Од:

„Либералната партија ги охрабрува 27-те советници во Советот на Општина Аеродром на денешната седница цврсто да застанат на страната на граѓаните.

Потребно е изнаоѓање решение за парцелата кај Мајчин Дом преку укинување на спорниот ДУП И10, и враќање на постоењето на зеленилото и паркот. Аеродром има доволно згради.

Бараме институциите да спроведат целосна истрага на кој начин оваа парцела од државна станала приватна сопственост во последните десетина години. Да се истражи зошто во урбанистичкиот план не е направена оценка за влијание врз животната средина, и за сето ова некој да сноси одговорност.

Само доколку се спроведат овие активности, ќе можеме да размислуваме дека полека но сигурно се тргаме од канџите на урбаната мафија и криминалот во политиката“, се вели во соопштението на ЛП.

Би можело да ве интересира

46-годишна жена е пронајдена мртва во стан во Аеродром

Горан Наумовски

Казна од 20.000 евра за нелегално фрлање отпад во Општина Аеродром

Наставничка е нападната додека држеше родителска од мајка на ученик

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Сите резиденти на Аеродром ќе може да паркираат на сите зони во општината без надоместок

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ