ЛП: Потребни се реформи, а не датум за избори

Од:

Потребни се реформи и одвоена партија од држава, а не датум за избори, вели Либералната партија во соопштение по одржана седница на Извршниот комитет.

Информацијата од ЛП ја пренесуваме интегрално:

Либералната партија ги поздравува барањата на граѓаните, а како идентични ги идентификува следните барања:

– произнесување на Уставниот суд за уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство како гаранција за неговата работа во иднина;
– формирање на преодна влада (според ЛП концентрациона) која докрај ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе создаде услови за фер избори;
– формирање на специјално одделение во кривичниот суд, надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО (алтернатива на предлогот на ЛП за формирање специјален суд);
– задолжително вклучување и присуство на страни надвор од „пржинската четворка“ (партии, претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата)…

Либералната партија е подготвена за заедничко застапување на барањата, по проценка и согласност на граѓанскиот сектор.

Либералната партија останува на барањето за одвојување на партијата од државата, и за воспоставување на критериумите квалитет, искуство и одговорност во работењето на институциите и администрацијата.

2. Граѓанските протести не смее да бидат нов 17 мај 2015 и вовед во преговори зад затворени врати и за тесно-партиски интереси. Либералната партија повторува дека „брзите“ избори (пр. октомври) се тесно-партиска калкулација и вовед во нова криза, а не решение на тековната.

Било какво инсистирање на изборен датум во моментов е штетно и само оди во прилог на Никола Груевски.

Либералната партија веќе предупреди дека тенденциите за преземање на граѓанското движење од партиите станаа видливи и го судираат граѓанскиот дух со тесно-партиските интереси.

3. Според Либералната партија, досегашното и идното остварување на барањата е заслуга на граѓаните, но за жал не и на партиите. Либералната партија ја поддржува иницијативата на странските пријатели на Македонија во разрешувањето на кризата.

4. Либералната партија изразува сомневање во мотивите на полициската акција на Економскиот факултет во Скопје.

Либералната партија оценува дека целта на акцијата е пасивизирање и „дисциплинирање“ на вистинската институција што може да обезбеди кредибилни вештачења и проценки за текот на финансиските средства од интерес на Специјалното јавно обвинителство.

Би можело да ве интересира

ЛП: Скандалозна одлука на Уставниот суд, со мораториумот се докажа дека се можни промени и на општинско ниво

Ана Ололовска

ЛП: Да се забрани трговија на големо и мало во недела и на празници

Ана Ололовска

ЛП: Дислокација на обложувалниците и казината надвор од насeлените места

Ана Ололовска

ЛП: Дали е спроведена истрага за промашувањето на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид

Ана Ололовска

ЛП: Реформа во администрацијата е итно потребна

Ана Ололовска

ЛП: Со воведувањето на налепници за возилата нема да се реши проблемот со загадувањето

Ана Ололовска