ЛП: Осуда за убиството на Никола Саздовски

Од:

Либералната партија го осудува убиството на Никола Саздовски и изразува сочувство до неговото семејство.

„Ги цениме и ги почитуваме чувствата на младите на приврзаност кон навивачките групи, но обрнуваме внимание дека во активноста на навивачките групи се вгнездува дневно-политички мотивиран национализам и шовинизам.

Таквите појави ни се пред очи речиси при секој поважен спортски настан. Затворањето очи до степен на прикривање на настанот потврдува дека институциите немаат ниту намера, ниту капацитет да се справат со проблемот кој ќе добива и меѓу-национална и политичка природа.

Затоа, според Либералната партија, сега е потребно:

– Санкција низ правна процедура со адекватна класификацика на делото, за владеење на правото;

– Поттикнување дијалог на навивачките групи спонзориран од Агенцијага за млади и спорт, Министерството за правда и за внатрешни работи;

– Заострување на законските одредби за пенализација на насилството на и надвор од спортските терени.

Улогата на партиите во овој процес е нивното откажување од улогата на индиректни спонзори на дивеењето и недопирливоста на навивачките групи низ игнорирање и толерирање на насилството засновано на клубска, етничка или друга припадност“, се вели во соопштението на Либералната партија.

Би можело да ве интересира

ЛП: Скандалозна одлука на Уставниот суд, со мораториумот се докажа дека се можни промени и на општинско ниво

Ана Ололовска

ЛП: Да се забрани трговија на големо и мало во недела и на празници

Ана Ололовска

ЛП: Дислокација на обложувалниците и казината надвор од насeлените места

Ана Ололовска

ЛП: Дали е спроведена истрага за промашувањето на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид

Ана Ололовска

ЛП: Реформа во администрацијата е итно потребна

Ана Ололовска

ЛП: Со воведувањето на налепници за возилата нема да се реши проблемот со загадувањето

Ана Ололовска