„Либералната партија со внимание ги следи не само изјавите на претставниците на власта, туку и од опозицијата.
Во таа смисла, за Либералната партија се неприфатливи оценките изречени во едно вчерашно интервју за новинската агенција „БЕТА“ дека „опозицијата се повлекува од условот одвојување на партијата од државата“.
Либералната партија предупредува дека без одвојување на партијата од државата, нема ниту владеење на правото. Ваквите изјави се подривање на граѓанскиот процес, општеството и тековните протести.
Затоа Либералната партија оценува дека застапувањето на идејата за „брзи избори“ оди само во прилог на Груевски и власта.
Определбата за брзи избори ќе го принуди опозиционерот допрва да се откажува и од други принципиелни ставови само за да дојде до брзи избори.
Со брзи избори,нема оспособени институции, а институциите спроведуваат избори.
Веќе се виде дека влада составена само од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и СДСМ не може да ги оспособи институциите.
Спомнатото интервју е поучно за македонската јавност бидејќи укажува на фактот дека преговорите во затворен круг на „четворицата големи“, се повеќе добиваат изглед на штетно манипулирање со интересот на граѓаните“, се вели во соопштението на ЛП.