ЛП: Груевски веднаш да поднесе оставка и да се формира концентрациона влада

Од:

Премиерот Груевски веднаш треба да поднесе оставка, а претседателот на Републиката и на Собранието, итно да отворат постапка, во консултации со политичките партии, за формирање концентрациона влада.

Ова се вели во писменото соопштение на Либералната партија(ЛП), потпишано од нејзиниот претседател Ивон Величковски.

„Низ постапката треба да се утврди структурата на прашањата што таа Влада треба да ги решава, формата како таа да биде составена и каква поддршка и е потребна за да може да ги изврши сите потребни задачи Македонија и безбедносно и политички да стане стабилна земја. Основна поука од случувањата во Куманово е фактот што и во Куманово и ширум Македонија, Македонците и Албанците се на иста страна и заедно сакаат оваа криза брзо да заврши без нови жртви“, се вели во соопштението на ЛП.

Од оваа партија ги повикуваат граѓаните на смиреност во овие моменти на длабока тага и зголемени тензии.

Би можело да ве интересира

ЛП: Скандалозна одлука на Уставниот суд, со мораториумот се докажа дека се можни промени и на општинско ниво

Ана Ололовска

ЛП: Да се забрани трговија на големо и мало во недела и на празници

Ана Ололовска

ЛП: Дислокација на обложувалниците и казината надвор од насeлените места

Ана Ололовска

ЛП: Дали е спроведена истрага за промашувањето на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид

Ана Ололовска

ЛП: Реформа во администрацијата е итно потребна

Ана Ололовска

ЛП: Со воведувањето на налепници за возилата нема да се реши проблемот со загадувањето

Ана Ололовска